/ Прочитано:

1.365

Иднината на адвокатската професија

Извештајот со наслов „Развивање на правни таленти: Чекорење кон иднината на адвокатските фирми”, предвидува дека ризични се повеќе од 100 000 работни позиции во правниот сектор и тие можат да бидат укинати во следните 20 години за да се постават компјутери и машини на нивно место кои ќе ја вршат нивната дејност.

Компјутеризација на адвокатските канцеларии

Според најновиот извештај на светски реномираната консултантска компанија „Делоит”, објавен на веб-страницата „Легал бизнис“, во наредните две декади се очекува адвокатските фирми да го намалат бројот на вработени за 39 %. Ова идно планирано намалување на бројот на работни места се должи на глобалното ширење на технологијата и на компјутеризираниот систем на работа.

Извештајот со наслов „Развивање на правни таленти: Чекорење кон иднината на адвокатските фирми”, предвидува дека ризични се повеќе од 100 000 работни позиции во правниот сектор и тие можат да бидат укинати во следните 20 години за да се постават компјутери и машини на нивно место кои ќе ја вршат нивната дејност.

Иако ова изгледа футуристички, според извештајот, фирмите мора да имаат јасна стратегија за справување со тие промени доколку сакаат да останат и продолжат во бизнисот и да се осигурат дека и понатаму успешно ќе привлекуваат клиенти за работа.

Од „Делоит” велат дека правната професија во следните 20 години ќе биде радикално поинаква, со тоа што би се пренела дел од сегашната слика на правната професија каде што учествуваат адвокатите и традиционалните адвокатски канцеларии, но и дека во таа индустрија ќе има големо раздвижување и големи промени особено во развивањето на човечките ресурси и работните места.

Компјутеризација на адвокатските канцеларии

Многу светски познати адвокатски фирми веќе полека се подготвуваат за промените што доаѓаат во правната професија. Во август минатата година, компанијата „Дентонс некстло лабс“, која развивала нови технологии за правната професија, своето поле на интерес го насочила кон инвестирање во апликацијата „ИБМ Вотсон”, развиена од компанија за технологија и софтвер „ИБМ”, која претставува автоматски обработувач на податоци и софтвер кој самостојно, на разбирлив јазик одговара на претходно дадени прашања. Се очекува во иднина овој софтвер да дава одговори и на прашања од правната професија, истражувањето и складирањето на податоци.

Затоа, експертите за софтверско инженерство им препорачуваат на адвокатските фирми навремено да се подготват за глобалните промени кои се очекува да направат револуција во нивното работење. Овие нови софтверски решенија во иднина ќе им овозможат на адвокатските фирми полесно и ефикасно справување со предизвиците во работењето.

Технологијата игра голема и значајна улога во функционирањето на компаниите во светот бидејќи носи промени коишто ќе влијаат во начинот на нивното работење, но додека се случат тие промени, адвокатурата продолжува со искористување на човечкиот потенцијал, т.е. на адвокатите кои се натпреваруваат на пазарот на услуги и во привлекувањето клиенти.