/ Прочитано:

1.032

Институтот за човекови права реагира на најавата на Судскиот совет за избор на судии

Од Институтот за човекови права наведуваат дека избирањето на 28 судии во овој момент, и покрај законската обврска и можност тоа да се направи во пократок рок, а имајќи ја предвид потребата за ефикасно работење на судството, укажува на одредени негативности за независноста и непристрасноста на судството, имајќи ги предвид постојните меѓународни стандарди.

Илустрација

Институтот за човекови права, чиј претседател е Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во ЕСЧП, реагира на најавата на Судскиот совет за донесување на одлука за избор на судии во повеќе судови во земјава.

Во соопштението, Институтот наведува дека на овој начин се врши еден вид на напад врз независноста и непристрасноста на судиите.

„Имено, во ситуација на формирање на техничка влада, која треба да ги подготви изборите закажани за декември и ограничената работа на законодавното тело, судската власт, односно Судскиот совет на РМ врши избор на судии по огласи кои беа објавени во февруари и април годинава. Мора да се напомене дека и двете седници на кои се донесоа одлуки за објавување на огласи за избор на судии се одржаа дента кога Парламентот требаше да донесе одлука за самораспуштање“, се наведува во соопштението.