Измени на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството
Владата во Собранието предложи измени на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
„Основна цел за донесување на законот е негово усогласување со Секторска спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за воспоставување на одредби за управување и спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Македонија според инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за земјоделство и рурален развој (ИПАРД) и Рамковната спогодба помеѓу Република Македонија и Европската комисија за постапките за спроведување на финансиската помош од Унијата за Република Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според Инструментот за претпристапна помош (ИПА 2). Предложените решенија особено имаат за цел исполнување на дел од предусловите неопходни за акредитација на мерката ’Инвестиции во јавна рурална инфраструктура’ во рамки на ИПАРД- програмата“, се посочува во законското образложение.
М.В