/ Прочитано:

1.093

Извештајот на Јанева повторно на седница на Собранието

Иако Извештајот не го помина комисискиот филтер, ставен е на дневен ред на седница на Собранието и денеска. Расправата во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше одложена од претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев, поради недоаѓањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за да го образложи Извештајот.

Катица Јанева

Извештајот за шестмесечното работење на Специјалното јавно обвинителство и денеска е на дневен ред на пленарна седница во Собранието.

Иако Извештајот не го помина комисискиот филтер, ставен е на дневен ред на седница на Собранието и денеска. Расправата во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше одложена од претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев, поради недоаѓањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за да го образложи Извештајот.

Јанева беше повикана и во Советот на јавни обвинители да го образложи Извештајот, но не се појави ни таму, и покрај неколкуте покани упатени од страна на претседателот на Советот, Петар Аневски, кој велеше дека членовите на Советот имале многу нејасности кои требало Јанева да им ги разјасни.

Вчера претседателот кусо одговори дека, сепак, го разгледувале Извештајот и дека го оцениле негативно.

Во Извештајот за периодот од  15. 10.2015 до 15.3.2016 година Јанева наведе дека се поведени 30 истражни постапки кои се однесуваат на 80 лица за кои постои основано сомнение дека сториле повеќе кривични дела.

Покрај тоа, СЈО работи и на 120 предистражни постапки.

Советот на јавни обвинители уште еднаш ја повика Јанева, овој пат за да се произнесе за предметите што бара да ѝ бидат доставени за да утврди дали се во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.

Станува збор за предметот „Маѓар телеком“, предметот за пиштолот на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, предметот за малолетничка порнографија против синот на Верушевски, предметот „Поткуп“ и како последен Јанева го побара предметот „Шпион“.

Аневски рече дека ако не дојде Јанева во Советот во среда, тие ќе одговорат негативно за предавањето на предметите.