/ Прочитано:

1.083

Јанева ги побарала предметите за „Маѓар телеком“ и за пиштолот на Верушевски, Скопското обвинителство не ѝ ги дава

Во соопштението што го објави денеска Основното јавно обвинителство – Скопје се наведува дека предметите што ги бара СЈО не се поврзани, ниту, пак, произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

katica janeva 1

Специјалното јавно обвинителство од Основното јавно обвинителство – Скопје ги побарало предметот „Маѓар телеком“, предметот против Зоран Верушевски за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и предметот против Г.В. за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Во соопштението што го објави денеска Основното јавно обвинителство – Скопје се наведува дека предметите што ги бара СЈО не се поврзани, ниту, пак, произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, па оттука барањата на СЈО не се во согласност со Законот, како и тоа дека со таквото барање се пречекорени овластувањата што му се дадени со Законот на јавниот обвинител кој раководи со тоа обвинителство.

„Основното јавно обвинителство – Скопје цени дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите барањата ги темели на одредбата од членот 11 став 2 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, но истото воопшто не го зема предвид членот 11 став 1 од Законот, во согласност со кој тоа јавно обвинителство ќе преземе контрола врз предметите што спаѓаат во стварна надлежност на истото. Стварната надлежност е уредена во членот 5 став 1 од Законот. Имено, во оваа одредба јасно е кажано дека јавниот обвинител кој раководи со тоа јавно обвинителство ќе биде овластен да истражува и да гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите , како што е дефинирано во членот 2 став 1 од Законот“, се наведува во образложението на соопштението.

Поради тоа, Основното јавно обвинителство – Скопје се обратило до Советот на јавните обвинители на Република Македонија со барање Советот да се произнесе дали наведеното дејствие е законско дејствие на јавниот обвинител кој раководи со Специјалното јавно обвинителство бидејќи, како што наведуваат, Катица Јанева е професионално одговорна за стручните и законските дејствија при нејзината работа пред Советот на јавните обвинители.