/ Прочитано:

1.408

Јанева и Ковеси разговарале за предизвиците во борбата против корупцијата на високо ниво

Романската обвинителка Ковеси и Јанева утре ќе имаат свое обраќање на конференцијата со наслов: „Ефикасна борба против високата корупција: Прашање на личност или на систем“.

Катица Јанева и Ленче Ристоска на прес-конференција за предметот „Титаник“

Главната обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија, Лаура Кодрута Ковеси, денеска се сретнала и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Како што информираат од СЈО, на средбата се разговарало за повеќе теми од интерес на работењето на ова Јавно обвинителство, а воедно биле разменети искуства од аспект на соочување со предизвиците во борбата против корупцијата на високо ниво и потешкотиите со кои се соочуваат институциите при ваквата борба.

Ковеси и Јанева утре ќе имаат свое обраќање на конференцијата со наслов: „Ефикасна борба против високата корупција: Прашање на личност или на систем“.