/ Прочитано:

1.762

КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ: Комисијата за помилување не се укинува, претседателот нема да ја коментира одлуката на Уставниот суд

„Комисијата за помилување постоеше и пред донесувањето на измените на Законот за помилување во 2009 и, како и досега, и понатаму ќе продолжи да функционира како советодавно тело на Претседателот“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Ѓорге Иванов, Претседател на РМ

Комисијата за помилување е постојано работно тело на Претседателот на Република Македонија и е формирана во 1991 година врз основа на Одлуката за организација и делокруг на работа на Кабинетот на Претседателот.

„Оттука, Комисијата за помилување постоеше и пред донесувањето на измените на Законот за помилување во 2009 и, како и досега, и понатаму ќе продолжи да функционира како советодавно тело на Претседателот“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Сепак, Кабинетот на Иванов нема да коментира околу одлуката на Уставниот суд за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување.

„Претседателот Иванов, како и досега, така и во иднина, во извршување на оваа негова уставна ингеренција ќе се води исклучиво според законите, односно одлуките за помилување ќе ги носи во согласност со постапката и одредбите од Законот за помилување“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Комисијата за помилување е работно тело на Претседателот на Република Македонија составена од девет члена, од кои еден е претседател на Комисијата. Комисијата за помилување работи на седници кои ги свикува претседателот на Комисијата по сопствена иницијатива и врз основа на заклучокот на Комисијата. Комисијата на седницата ја разгледува поединечно секоја молба за помилување и дава мислење по сите предлози што ги поднел министерот за правда и по предлозите за помилување што ги поднел по службена должност. Своето мислење Комисијата го утврдува со мнозинство гласови од присутните членови. При подготвувањето на предлозите Комисијата се води по следните критериуми:

Претседател на Комисијата за помилување е Василка Јурукоска. Членови на Комисијата за помилување се проф. д-р Никола Јанкуловски, јавниот обвинител Марко Зврлевски, Благородна Дулиќ, Бекир Исени, проф. д-р Методија Каневчев, Љупка Арсениевска, Стојанче Рибарев,
проф. д-р Нуман Аруч и д-р Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет.