/ Прочитано:

1.537

Како влијае управувањето со знаењето врз квалитетот на опслужување на клиентите

Воведувањето на стратегија за управување со знаењето во вашата канцеларија ќе ви овозможи полесно да ги предвидите резултатите за конкретните барања на вашиот клиент и да избегнете превиди поврзани со конкретен проблем.

Илустрација учење

Кога се обраќаат до своите адвокати за совет, клиентите речиси веднаш очекуваат одговор. Затоа, додека растат очекувањата на клиентите за добивање навремен совет, многу е важно адвокатската фирма да се впушти во активности за управување со знаењето. Брзиот пристап до знаењето што го има стекнато вашата фирма од поранешните истражувања, од поранешното искуство и од анализите, ви дава можност побрзо да одговорите на потребите на вашите клиенти и да им дадете поквалитетна услуга, се наведува на платформата за правни решенија на „Томсон Ројтерс“.

Со управување со знаењето не само што му овозможувате на вашиот клиент да добие брз одговор туку и си го олеснувате процесот на носење брзи одлуки при секоја интеракција, при што:

  • ќе се зголеми продуктивноста на вашата канцеларија;
  • ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ја направи вашата канцеларија кредибилна во носењето на вистинските одлуки;
  • ќе ги елиминира сомнежите и
  • најважно, вашите клиенти ќе ви се обраќаат како на главен советник од доверба.

Доколку вашиот клиент се распрашува за непознат даночен аспект за трансакција со недвижен имот, треба да направите истражување или да се советувате со некој колега и вашата канцеларија да ги вложи сите напори во изнаоѓање на решението за клиентот. Употребата на вистинското знаење може да ви помогне да го избегнете повторувањето во работата.

  • Веднаш треба да побарате информации и да соберете релевантно искуство и релевантни податоци од колегите што можат да ви дадат увид во проблемот на вашиот клиент.
  • Прибирањето на факти и податоци од целата канцеларија ви овозможува да се фокусирате на специфичното барање на клиентот и да не губите време во истражување или преиспитување на случаи што веќе ги анализирала вашата канцеларија.
  • Ќе ги намалите трошоците на канцеларијата бидејќи ќе користите претходни ресурси.
  • Ресурсите ќе можете да ги насочите кон откривање на нови начини со кои ќе додадете вредност на вашата работа и ќе воспоставите постабилна врска со клиентот.

Воведувањето на стратегија за управување со знаењето во вашата канцеларија ќе ви овозможи полесно да ги предвидите резултатите за конкретните барања на вашиот клиент и да избегнете превиди поврзани со конкретен проблем. Клиентите ќе бидат задоволни и ќе ја ценат вашата работа кога ќе се уверат дека сето знаење на вашата канцеларија е ставено во погон да одговори на нивните потреби. Со тоа што ќе дозволите вашата канцеларија да напредува користејќи го поранешното искуство и знаење на сите членови во канцеларијата ќе создадете подобри услуги за клиентите при секоја интеракција.