КАТИЦА ЈАНЕВА: Деновиве ќе биде зголемена фреквенцијата на лица повикани во СЈО
Како што наведува Јанева во соопштението, во СЈО во периодот што следува ќе има зголемена фреквенција на лица кои во согласност со Законот за кривична постапка се повикуваат да бидат сослушани и кои со своите сознанија ќе бидат од корист за разјаснување на околности по повод сите постапки кои се отворени во овој период.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева преку соопштение информираше дека Обвинителството со кое раководи во периодот што следува ќе има многу работа.
Како што наведува Јанева во соопштението, во СЈО во периодот што следува ќе има зголемена фреквенција на лица кои во согласност со Законот за кривична постапка се повикуваат да бидат сослушани и кои со своите сознанија ќе бидат од корист за разјаснување на околности по повод сите постапки кои се отворени во овој период.
„Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат“, вели Јанева во писмената изјава.
Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, кој пред две недели беше повикан во Специјалното јавно обвинителство за предмет поврзан со проектот „Скопје 2014“, вчера објави дека повторно е повикан во СЈО, овој пат поради снимката од прислушуваните разговори во која се зборува за протестот пред Општина Центар во 2013 година.
Во интервју за австрискиот весник „Курир“, јавната обвинителка Ленче Ристоска од СЈО наведува дека рокот од 18 месеци, колку што е предвидено во Законот за Специјалното јавно обвинителство да поведе обвиненија, е премногу кус период и очекува дека Собранието ќе го продолжи. Покрај тоа, Ристоска наведува дека секој кој го прекршил законот треба да одговара, дури и ако тоа значи потрес на политичкиот систем во земјава.
М. С.