/ Прочитано:

776

Ќе се разгледува Извештајот за работата на Комисијата за надзор над работата на УБК

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

На дневен ред на Комисијата е Предлог-извештајот за работата на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање на Собранието на Република Северна Македонија во 2018 година.

Исто така, Комисијата треба да утврди предлог на двајца пратеници за учество во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање формирана од Владата на Република Северна Македонија.

М.В