/ Прочитано:

2.409

КНИГА НА МЕСЕЦОТ ВО АКАДЕМИК: Коментар на Законот за парничната постапка

По повод десетгодишниот јубилеј, до крајот на месец декември, уште една книга во издание на Академик со екстра попуст.

Закон за парничната постапка – трето изменето и дополнето издание (со коментари, судска практика, примери за практична примена и предметен регистар) е книга на месецот во Академик за месец декември, која ќе може да се добие со попуст од 60%, односно за 1.848 ден. со ДДВ.

Коментарот на Законот за парничната постапка претставува практичен обид за отстранување на пречките кон спроведувањето на новиот дух во решавањето на парничните предмети во судовите.

Оваа книга, составена од сто примери за практична примена, објавена судска практика речиси кон секоја одредба од Законот, регистар на поими и детална содржина на книгата, има цел појасно разбирање на одредбите на овој Закон и негово целисходно применување во практиката.

Сите заинтересирани можат да се информираат за попустите преку е-пошта на akademik@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.

Повеќе за екстра поволностите за производите на „Академик“ на следниот линк10 години Академик