/ Прочитано:

2.179

КНИГА НА МЕСЕЦОТ ВО „АКАДЕМИК“: Закон за сопственост и други стварни права и Закон за договорен залог

По повод десетгодишниот јубилеј, во секој од следните четири месеци една книга во издание на „Академик“ само во тој месец ќе има екстра попуст.

„Закон за сопственост и други стварни права и Закон за договорен залог“ е книгата на месецот во „Академик“ за месец септември, која ќе може да се добие со попуст од 70%, односно за 1.170,00 денари.

Коментарите на Законот за сопственост и други стварни права и Законот за договорен залог се повеќе од потребни за успешно функционирање на законите во практика.

Вредноста на овој труд е во однос на практичната примена на коментарите, укажувајќи на поврзаноста на одделни членови од Законот со други негови членови и во целината на Законот, но и со одредбите од други закони, на тој начин овозможувајќи секоја одредба да се согледа во целосноста на Законот, на одделните гранки од правото, а некаде – и во целината на правниот систем.

Коментарите се обработени на тој начин што покрај објаснувањата кон одредени членови, наведени се и бројни објавени судски одлуки, примери на акти за практична примена, бројни изводи од судски одлуки и правни стојалишта, примери на нотарски акти, тужби, барања, предлози, како и предметен регистар кој значително ги олеснува читањето и сфаќањето на овие закони.

Повеќе за екстра поволностите за производите на „Академик“ на следниот линк10 години Академик

10 години тимот на Академик, воден од страста за правото, секојдневно е посветен на остварување на својата мисија – да им го олесни правното работење на своите корисници и да придонесе за нивниот успех со тоа што ќе им обезбеди најбрз и најлесен пристап до целокупното важечко законодавство на Македонија преку сеопфатната и дневно ажурирана збирка на прописи, akademika.com.mk, пристап до стручна, квалитетна и богата правна литература, како и релевантни и практични обуки на правни теми поврзани со секојдневното работење на корисниците.

Сите заинтересирани можат да се информираат за попустите преку е-пошта на електронската адреса akademik@akademik.com.mk, а сите дополнителни информации може да се добијат на телефоните +389 02 3221 091 и +389 02 3237 465.