/ Прочитано:

873

Колку средства се предвидени во Програмата на Владата за аерозагадувањето за 2019 година и за кои намени

Врз основа на членот 18 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2019, Владата на Република Македонија донесе Програма за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, која е официјално објавена.

„Средствата за реализирање на оваа програма се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија за 2019 година од сметка 630 – Основен буџет, Раздел 040.01 на Влада на Република Македонија, во износ од 121.000.000,00 денари. Средствата ќе се реализираат врз основа на Јавни набавки кои ги објавува и спроведува Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, согласно Законот за јавни набавки. Средствата ќе се наменат за финансирање на замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти во најзагадените градови во Република Македонија, како и за набавка на прочистувачи за воздух во внатрешни простории во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти во најзагадените градови во Република Македонија“, се наведува во програмата.

Средствата, се пропишува во Програмата, се распоредуваат за следните намени:

План за замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти во најзагадените градови во РМ – 2.000.000,00 денари.

Јавни кампањи и платформа за следење на реализацијата на програмата и Изработка на посебна Веб страна, каде што на едноставен начин ќе бидат набројани сите точки кои треба да се спроведат од државните институции во врска со планот за чист воздух – 2.500.000,00 денари.

Изготвување на потребните законски измени и правилници – 1.000.000,00 денари.

Замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти во најзагадените градови во РМ – 69.000.000,00 денари.

Енергетска ефикасност – 30.000.000,00 денари.

Зелени урбани површини – 11.500.000,00 денари.

Набавка на пречистувачи за воздух во внатрешни простории во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти во најзагадените градови во РМ и Инсталирање на филтри во малите и средни претпријатија, особено во оние од дрвна дејност. Активноста е комплементарна на поддршка на проект за изработка на филтри, селектирани во првиот 0 2 предизвик – 5.000.000,00.

М.В