/ Прочитано:

723

Кривичниот суд со соопштение за патната исправа на Орце Камчев за која дал согласност

„Во однос на повеќе новинарски прашања, како и наводите во одредени медиуми околу патната исправа на еден од осомничените во предметот од обвинителството означен како ‘Империја’, а по извршените проверки ја информираме јавноста дека:

Осомничениот, преку своите бранители, до судија на претходна постапка има поднесено барање за издавање на патна исправа со ограничен рок од 8 месеци важност, а заради неодложни службени патувања кои ги има како член на управен одбор и задолжителна едукација, за што доставил и докази во прилог на барањето.

Согласно одредбите до ЗКП, судијата на претходна постапка се обратил до надлежниот јавен обвинител од каде што е добиено позитивно мислење да се издаде патна исправа со ограничен рок од 8 месеци важност.

Со оглед на добиеното позитивно мислење, судот во текот на минатиот  месец,  со писмо го извести Министерството за внатрешни работи дека дава согласност да се издаде патна исправа со ограничен рок, но со важност од 6 месеци,  заклучно со последната служена обврска на осомничениот, а согласно член 41 од Законот за патни исправи – МВР во управна постапка издава патни исправи со ограничен рок по добиена согласност од надлежниот суд.

Согласно одредбите од ЗКП и Законот за патни исправи, судот за дадената согласност навремено го известил надлежниот орган кој издава патни исправи.

Уште еднаш потенцираме дека согласно член 144 ст. 2 од ЗКП судот нема можност да не почитува согласност или предлог на надлежен обвинител и да изрекува потешки мерки за обезбедување присуство ако истата цел може да се постигне со поблаги мерки, па во таа смисла и постапувал.

Затоа ја информираме јавноста дека судот постапувал исклучиво според законските одредби, како и мислењето дадено од надлежниот обвинител, а што се однесува до мерката за обезбедување присуство определена со решение на Апелациониот суд – Скопје, односно одземање на двете патни исправи на осомничениот, истата сè уште е активна и двете патни исправи се депонирани во судот“, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Куќен притвор за Камчев и Панделески, известува Апелациониот суд

Соопштение на СЈО поврзано со случајот „Империја

СЈО: Отворена нова истрага „Империја“

M.В