/ Прочитано:

850

Кривичниот суд во врска со одобрувањето на обвинителниот акт поврзан со настаните во Собранието

„Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи во оценка на обвинителниот акт со КОК ООА 10/18 поврзан со настаните од 27 април 2017 год., кои се случија во Собранието на Р Македонија, одржа нејавна седница за оценка. По детално разгледување на сите приговори поднесени од одбраната и обвинетите, како и ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт, донесе решение со кое го одобри обвинителниот акт во целост.

Откако ќе биде формиран кривичен предмет по обвинителниот акт и согласно со АКМИС системот, тој ќе биде распределен на понатамошно постапување и ќе биде закажан термин за главна расправа, а странките и јавноста ќе бидат благовремено известени“, се вели во денешното соопштение на Кривичниот суд.

За настаните на 27 април, обвинети се 30 лица за тероризам и загрозување на уставниот поредок. Меѓу нив се и петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, Љубен Арнaудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

М.В