/ Прочитано:

2.085

Меморандум за соработка: ЕЛСА – РМ ја продлабочува соработката со Консалтинг интер груп

Друштвото за консултантски услуги „Консалтинг интер груп“ ДООЕЛ Скопје и Европскотоздружение на студентите по право во Република Македонија (ЕЛСА – РМ), во насока на обезбедување меѓусебна поддршка во остварувањето на заедничките проекти и активности, склучија меморандум за соработка.

Меморандумот за соработка има за цел да ја продлабочи и да ја развие соработката помеѓу Консалтинг интер груп, како компанија која во рамките на својата програма за општествена одговорност презема низа активности и проекти за промоција на студентската мисла и дејствување, и ЕЛСА – РМ, како студентска организација која фокусот на своето работење го става на воспоставување мост на соработка и лични контакти помеѓу студентите и младите правници, нивно мобилизирање во меѓународни рамки и нивна подготовка за професионална кариера со интернационална ориентираност и глобални квалитети.

Страните потписнички на овој меморандум за соработка се силно уверени дека тојќе одигра огромна улога во остварувањето на поставените цели, а со цел поддршка на професионалната надградба на студентите и младите правници.