/ Прочитано:

1.402

МИОА објавува алатка за пријавување притисок на работно место

Министерството за информатичко општество и администрација од денеска на својата веб-страница овозможува алатка преку која може да се пријави притисок на работно место. Министерството се обврзува сите пристигнати пријави да ги проследи до надлежните органи за понатамошно постапување.

Алатката има цел да послужи како заштита за сите вработени во јавната администрација кои во случај на притисоци имаат лесно достапно место каде да се обратат.

Алатката овозможува секој вработен во јавната администрација да пријави евентуални притисоци на работното место.

Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели личните податоци, тие ќе бидат заштитени во согласност со Законот за заштита на личните податоци. За ова веќе се преземени соодветни технички и организациски мерки.

Алатката Пријави притисок на работно место! е достапна на следниот линк: http://mioa.gov.mk/?q=mk/eform/submit/prijava