/ Прочитано:

1.465

Модерни алатки за работа во адвокатските канцеларии

Главната придобивка на овие алатки е намалувањето на трошоците при работа, заштедувањето време и сигурноста на податоците. Со нив се штеди и на материјалите за работа бидејќи имаат неограничен простор за складирање податоци, податоците брзо се пренесуваат, а сѐ што е потребно се добива преку компјутерот или преку мобилниот телефон.

advokat-pravosudstvo-e1418201421227.jpg

Водењето на адвокатска канцеларија не значи само придобивање нови клиенти и давање услуги, туку значи и многу административна работа која често одзема голем дел од времето на вработените во адвокатската канцеларија. Понекогаш наместо да се фокусираат на важните обврски во работењето во канцеларијата, адвокатите со часови се затрупани во документирање, проверка на е-пошта, распоред за состаноци, следење на работата на своите вработени итн.

Како решение за овие нивни проблеми сѐ почеста е употребата на модерните алатки за работа кои во моментот се најпопуларни и процентуално најмногу употребувани во Полска. Тие не ги решаваат само гореспоменатите проблеми, туку им овозможуваат на адвокатите полесно да ги вршат своите работи во секое време и на секое место.

Многу од тие алатки за работа се базирани на реалните, практични проблеми на вработените во адвокатските канцеларии. Тие овозможуваат работење со повеќе клиенти истовремено и дозволуваат постојано надградување на нивниот систем.

Основната функционалност на системот содржи олеснување на организацијата на една компанија, а со тоа и создавање на функционална работна средина на сите вработени. Корисниците на овие модерни алатки за работа можат да ги складираат сите договори со клиентите и информациите поврзани со нив, имаат подобра прегледност на распоредот за рочиштата, на закажаните состаноци итн.

Главната придобивка на овие алатки е намалувањето на трошоците при работа, заштедувањето време и сигурноста на податоците. Со нив се штеди и на материјалите за работа бидејќи имаат неограничен простор за складирање податоци, податоците брзо се пренесуваат, а сѐ што е потребно се добива преку компјутерот или преку мобилниот телефон.

Најнова алатка на пазарот е касусофт (CasuSoft), која овозможува најголема функционалност во работата. Во текст објавен во магазинот „Лоер мантли“ (Lawyer Monthly), креаторот на овој софтвер, Марсин Ралцевиц, вели дека правниот ризик во раководењето со адвокатската канцеларија се сведува на минимум, а модулите за работа што ги има дозволуваат контрола и прегледност на работата со клиентите и предметите поврзани со нив.

Оваа алатка, исто така, дозволува организација и водење евиденција на работното време на вработените во канцеларија. Преку неа исто така се води евиденција колкав е ефектот во водењето на случаите на вработените и нивното темпо на работа.

Според креаторот на овој софтвер за работа, тој ќе претставува решение за секоја адвокатска канцеларија без разлика дали е голема или мала.