/ Прочитано:

1.340

МТСП постојано ја следи примената на пензиската реформа

Покрај постојните законски одредби кои се гаранција за сведување на минимум на можноста во вториот столб да влезат лица за кои е неповолно да бидат негови членови, беа преземени и некои конкретни мерки од институциите на системот за заштита на членовите на пензиските фондови. Имено, по започнувањето со имплементацијата на вториот столб во 2007 година, беше направена анализа и се утврди дека за некои осигуреници кои доброволно се зачлениле во вториот столб не е поволно да бидат во вториот столб со оглед на нивната возраст и стажот. Со овие лица е контактирано од страна на МАПАС со цел да им се укаже дека нивното членство во вториот столб не им е во интерес и уште еднаш да ја разгледаат својата одука за тоа дали остануваат членови на задолжителниот пензиски фонд. Но, и покрај сите мерки кои досега се преземени во насока на заштита на интересите на членовите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, постои и категорија на осигуреници (повозрасна категорија) чие зачленување во вториот пензиски столб не е во нивни интерес.

Министерство за труд и социјална политика

Од Министерството за труд и социјална политика преку соопштение до јавноста излегоа со став во врска со вчерашната објава од страна на Канцеларијата на Народниот правобранител дека веќе добиле претставки од тројца од вкупно 314 граѓани кои, поради тоа што се зачлениле во еден од двата приватни пензиски фондови (НЛБ Пензиско друштво и КБ Прво пензиско друштво), ќе имаат многу пониска пензија. Оттаму соопштуваат дека Министерството, во соработка со Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, постојано ја следи примената на пензиската реформа, од самиот почетокот на нејзиното функционирање, и во континуитет врши анализи и согледување на тоа како се имплементира таа и како влијае промената на социо-економските фактори кои се случија во последните неколку години, како што се преминувањето на начинот на пресметка на придонесите од нето-плата на бруто-плата, намалувањето на стапката на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување и друго.

„Покрај постојните законски одредби кои се гаранција за сведување на минимум на можноста во вториот столб да влезат лица за кои е неповолно да бидат негови членови, беа преземени и некои конкретни мерки од институциите на системот за заштита на членовите на пензиските фондови. Имено, по започнувањето со имплементацијата на вториот столб во 2007 година, беше направена анализа и се утврди дека за некои осигуреници кои доброволно се зачлениле во вториот столб не е поволно да бидат во вториот столб со оглед на нивната возраст и стажот. Со овие лица е контактирано од страна на МАПАС со цел да им се укаже дека нивното членство во вториот столб не им е во интерес и уште еднаш да ја разгледаат својата одука за тоа дали остануваат членови на задолжителниот пензиски фонд. Но, и покрај сите мерки кои досега се преземени во насока на заштита на интересите на членовите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, постои и категорија на осигуреници (повозрасна категорија) чие зачленување во вториот пензиски столб не е во нивни интерес“, се наведува во соопштението на МТСП.

Министерството потврди дека во изминатиот период за ова прашање е формирана работна група од претставници од Министерството за труд и социјална политика, од Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување, од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и од двете пензиски друштва.

„Направени се анализи и врз основа на тоа Министерството за труд и социјална политика  ќе подготви предлог-измени на повеќе закони, и тоа: Законот за задолжително капитално финансираното пензиско осигурување, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капиталното финансирано пензиско осигурување“, се вели во соопштението на МТСП.

А. Б.