/ Прочитано:

1.619

Препораки од МТСП и од МЗ за време на топлотниот бран

Се препорачува во следните три дена (од петок до недела) од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар. На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа. Исто така, препорака е да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено им се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.

Министерството за труд и социјална политика ги потсетува работодавачите на нивната обрска за почитување на препораките за заштита на работниците, а во врска со најавите за неповолни временски услови.

„Со оглед на тоа што се прогнозира портокалова фаза, ве информираме за препораките на Министерството за здравство:

По одржаниот состанок на Комисијата за топлотни бранови, се препорачува во следните три дена (од петок до недела) од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар. На работодавачите им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа. Исто така, препорака е да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено им се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период“, се наведува во соопштението на Министерство за труд и социјална политика.

Прекршувања на препораките од страна на работодавачите може да се пријавуваат и кај дежурниот инспектор кој ги координира екипите низ државата на  075 402 856.

Во следните три дена Министерство за труд и социјална политика со поддршка од Црвениот крст на Македонија ќе спроведуваат интензивни активности за згрижување на бездомните лица.

Министерството за здравство, пак, ги потсетува граѓаните од целата држава дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности и хигиенски начин на приготвување на храната.

На хронично болните лица се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на каков било здравствен проблем да го контактираат својот матичен лекар.

„Поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови, напоменуваме дека е потребен повисок степен на внимание при приготвување и консумирање на храната. Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет-страницата www.toplotnibranovi.mk“, истакнуваат од Министерството за здравство.