/ Прочитано:

14.027

МТСП за исплаќањето на паричните надоместоци од областа на социјалната заштита

Министерството започна навремено да ги исплаќа паричните надоместоци од областа на социјалната заштита и помош и нега од друго лице, известуваат од Министерството за труд и социјална политика.

„Да потсетиме, правото за социјална парична помош и помош и нега од друго лице од 2012 до 2017 година беа исплаќани со три месеци доцнење, односно средствата за ноември беа исплаќани во месец февруари. Од ноември 2017 оваа пракса е променета и правата за месец ноември се исплатени во месец декември 2017 година. Ова ќе биде редовна пракса и динамика на исплата и нема потреба од загриженост кај корисниците.

Причината поради која исплатата за декември не се реализираше во предвидениот рок до 15 јануари  се должи на законската обврска секоја нова календарска година од страна на Владата на Република Македонија да се усвојува програма од социјална и детска заштита. Врз основа на оваа програма се врши исплата на правата. Ова е застој од техничка природа поради запазување на процедурите и веќе е надминат.

Програмата е усвоена од страна на  Владата, а Министерството за труд и социјална политика веќе ги исплати правата од областа на социјалната заштита“, се вели во соопштението на Министерството.

За детален преглед на редоследот за исплатата на социјална парична помош притиснете тука.