/ Прочитано:

1.138

На 26 јуни се отвораат граничните премини, а од 1 јули и аеродромите

Од петок, 26 јуни, се отвораат сите копнени гранични премини, а од 1 јули и аеродромите, информираат од Владата.

„Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на Република Северна Македонија на денешната 72-ра седница донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Владата денеска донесе одлука од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни“, соопштуваат од Владата.

Продолежна мерката за поддршка на компаниите и за ослободување од плаќање на износот на аконтациите

Владата донесе повеќе уредби и протоколи

М.В