Неработни денови во месец јануари
Во месец јануари неработни денови за сите граѓани се 1 јануари (петок), Нова година и 7 јануари (четврток), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар.
За граѓаните од православна вероисповед неработни денови се 6 јануари (среда), Бадник, ден пред Божиќ, и 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици).
За граѓаните припадници на српската заедница неработен ден е 27 јануари (среда), Свети Сава.
НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ЗА 2021 ГОДИНА: Објавена Програмата на МТСП
М.В