/ Прочитано:

499

Нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик

„Во Клубот на пратеници, во организација на министерот за правда, Бојан Маричиќ, се одржа нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик, на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Левица, ВМРО – Народна партија, ЛДП, Демократски сојуз, парламентарни партии на помалубројните етнички заедници, како и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Поканети беа и претставници на ДОМ и Алтернатива.

На состанокот кој помина во конструктивна атмосфера повторно се разговараше за политичките прашања во однос на изборните модели и можните измени, а  претставници на партиите ги изнесоа политички ставови, предлози и размислувања во однос на измените.

Договорено е овие разговори во ваков формат да продолжат следната недела“, соопштуваат од Министерството за правда.

Соопштение за состанокот на Работната група за измени на Изборниот законик

М.В