/ Прочитано:

2.794

Нов Закон за Агенцијата за разузнавање со европско знаменце

Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање, по скратена постапка е во собраниска процедура. Предлог-законот е поднесен со европско знаменце.

„Целта на Законот за Агенцијата за разузнавање е да се направи јасна дистинкција меѓу АНБ чија надлежност се поклопува со надлежноста  на Агенцијата за разузнавање, согласно постојниот закон. Во новиот Закон за Агенцијата за разузнавање јасно е дефинирана надлежноста на Агенцијата да собира, обработува, анализира, разменува, чува и штити податоци и информации од странство, кои се од значење за безбедноста, одбраната, надворешнополитичките интереси на Република Северна Македонија. Законот на Агенцијата се базира на начелата на законитост: почитување на Уставот на Република Северна Македонија, законите и меѓународните договори, ратификувани согласно Уставот; почитување на човековите права и основни слободи; посветеност на националната безбедност и националните интереси; политичка неутралност; одговорност, објективност и непристрасност во работењето.

Со донесување на новиот Закон за Агенцијата се отвора можноста вработените во АР во однос на платите и пензионирањето да добијат рамноправни права со вработените во соодветните безбедносни служби од  АНБ и МВР. Тоа ќе придонесе поголем број од возрасниот кадар од АР да се пензионира и да се отворат можности за вработување на млад и стручен кадар“, се вели во законското образложение.

М.В