Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура
Владата на РМ го поднесе Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Предлог-законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси во Собранието на РМ. Основна цел на предложениот закон е зајакнување на ефикасноста и независноста на Државната комисија за спречување на корупцијата и зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка. Целта на носењето на овој закон е и постигнување на поефикасна превенција и борба против корупцијата.
Со овој закон се уредуваат мерките и активностите за спречување на корупцијата во вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и политиката, мерките и активностите за спречување на судирот на интереси, мерките и активностите за спречување на корупцијата при вршењето работи од јавен интерес на правните лица сврзани со остварувањето на јавните овластувања.
Се предлага новиот Предлог-закон за спречување на корупција и судир на интереси да ги уредува мерките и активностите за спречување на корупцијата, но и мерките и активностите за спречување на судирот на интереси за кои е надлежна ДКСК.
Исто така, во предложеното законско решение има новини кои се однесуваат на составот и статусот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), потоа новини кои се однесуваат на надлежностите на Државната комисија за спречување на корупцијата и новини кои се однесуваат на личниот и институционалниот интегритет.
ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата
Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста
Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата
Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти
M.В