/ Прочитано:

841

Одобрен обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април  

„Заради интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека советот за оцена на обвинителен акт надлежен да постапува по Обвинителниот акт КО бр. 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница, како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост.

По веќе оценетиот обвинителен акт формиран е кривичноправен предмет, кој согласно АКМИС-системот ќе биде распределен кај судија на понатамошно постапување, за што странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани“, се вели во соопштението на Судот.

М.В