/ Прочитано:

2.426

Пишување на празниците

Старата латинска вели REPETITIO MATER STUDIORUM EST или ПОВТОРУВАЊЕТО Е МАЈКА НА ЗНАЕЊЕТО, затоа Академик ќе ве потсетува на некои правила од Правописот на македонскиот јазик со цел да го повториме она што некогаш сме го учеле.

Верските и другите празници се пишуваат со голема почетна буква само на првиот збор од името на празникот, а од другите зборови со голема буква се пишуваат само оние што претставуваат сопствено име: Божиќ и Божик, Велигден, Илинден, Ѓурѓовден, Велјасабота и Велика сабота, Величетврток и Велики четврток, Велипеток и Велики петок, Свети Илија, Свети Никола, Рамазан бајрам, Курбан бајрам, Пасха, Нова година, Осми септември, Единаесетти октомври.

Ако првиот дел од името на празникот е напишан со цифра, вториот збор се пишува со голема буква за да може да се разликува правописно празникот од датум: 8 Септември, 11 Октомври, 1 Мај.

 

Академик ви посакува среќна Нова 2023 година!

 

Image by Freepik