/ Прочитано:

1.114

Посебен совет ќе ја следи реформата на управувањето со јавните финансии

Владата на РМ ја прифати Предлог-одлуката на Министерство за финансии за формирање Совет за управување со јавните финансии.

„Овој совет е клучно тело од структурата за управување, координација, следење и известување за спроведувањето на Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии“, образложуваат од Министерството за финансии и од Владата.