/ Прочитано:

1.440

Повеќе од 85 илјади лица на Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса

Обврзниците требаше најдоцна до 13 септември 2016 година да ги подигнат решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса, односно доколку обврзникот има извршено уплати на радиодифузна такса во периодот од опомената/известувањето до изготвување на решението за присилна наплата, да приложи докази при приемот на решението, за даночниот орган да може да ги земе предвид и да спроведе правилна постапка на присилна наплата.

УЈП лого

Управата за јавни приходи ги смета за уредно доставени решенијата за присилна наплата на радиодифузната такса до обврзниците преку јавната објава на Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса во „Службен весник на РМ“ од 2 септември.

Денеска Управата објави трет јавен повик и Листа за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса.

Како што наведуваат од УЈП, врз основа на членот 84 од Законот за општата управна постапка, на 5 и 6 септември 2016 година, во дневниот печат „Дневник“, Управата за јавни приходи објави „Јавен повик за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса“ бр. 01 и 02, со кои се повикаа обврзниците на радиодифузна такса, наведени во Листата за уредна достава на решенија за присилна наплата на радиодифузна такса (УЈП бр. 22-5344/1 од 2.9.2016 година) објавена на веб-страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, најдоцна до 13 септември 2016 година да ги подигнат решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса, односно доколку обврзникот има извршено уплати на радиодифузна такса во периодот од опомената/известувањето до изготвување на решението за присилна наплата, да приложи докази при приемот на решението, за даночниот орган да може да ги земе предвид и да спроведе правилна постапка на присилна наплата.

Рокот за плаќање истече вчера, а на следнава листа се наоѓаат лицата кои се соочуваат со присилна наплата.