Повик за ангажирање адвокат за изготвување тужба од јавен интерес (actio popularis) и за стратешко застапување
Хелсиншкиот комитет за човекови права го спроведува проектот „Работнички обединете се!”, кој е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка.
Целта на проектот е намалување на родовата, половата и интерсекциската дискриминација врз жените на работните места преку подобрен пристап до правда во случаи на дискриминација врз жените на работните места, подобрен систем на заштита од дискриминација врз жените на работните места, подобро и зголемено информирање на јавноста за состојбата со дискриминација на жените на работните места и за користењето на заштитните механизми. Повикот на Хелсиншкиот комитет може да се погледне на следниот линк.