Позитивно мислење на Венецијанската комисија за Законот за Судскиот совет
Венецијанската комисија предложениот Закон за Судскиот совет го смета за високо квалитетно законодавство, односно дека со него е постигнато високо ниво на усогласување со други закони, информираат од Министерството за правда.
Според Венецијанската комисија, испочитувани се значителен број препораки кои беа испратени до Министерството за правда. Севкупната оценка овозможува да се заклучи дека одредбите од Нацрт-законот се најчесто во согласност со меѓународните стандарди и, ако се толкуваат и ако се спроведуваат во добра верба, можат да обезбедат независност и ефикасност на судството. Комисијата имаше и пофални зборови и за јасноста на правната рамка.
Позитивно се оценети новите критериуми за избор на членови на Судскиот совет. Покрај другите позитивни измени на Законот за Судскиот совет, во извештајот на Венецијанската комисија се препорачува и психолошките тестови веќе да не се користат при изборот на членовите на Судскиот совет, со што се намалува можноста за политички влијанија при изборот на членовите на Советот.
Околу изборот за претседател на Судскиот совет, Венецијанската комисија препорачува тој да се избира со двотретинско мнозинство од редот на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието.
„Ова е трето последователно мислење на Венецијанската комисија кое е позитивно оценето. Мислењето од октомври 2018 година, кое се однесуваше за Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет и Законот за судови се фокусираше на основите за дисциплинска одговорност на судиите, дисциплинските постапки и органи, како и на системот за оценка на работата на судиите. Оценката на Венецијанската комисија беше севкупно позитивна. Мислењето ги пофали нацрт-законите и беше истакнато дека двата закони претставуваат цврсти темели за функционирање на судството и предложи некои амандмани со цел да се подобри јасноста на текстовите. Во декември 2018 година, Венецијанската комисија усвои уште едно позитивно мислење за нацрт-законот за изменување и дополнување на Законот за судовите. Предлог-законот беше поздравен од Комисијата, поради исполнетоста на повеќето претходни препораки од мислењата од 2015 и октомври 2018 година“, додаваат од Министерството за правда…Мислењето за измените на Законот за судовите и на Законот за Судскиот совет на пленарна сесија на Венецијанската комисија
Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите
Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања
Дистинкција меѓу глобите за малите и големите фирми во новиот Закон за прекршоците
Измените на Законот за судовите со европско знаменце влегоа во собраниска процедура
Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница
Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите
Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните
Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
Компаниите бараат ревидирање на прекршочните санкции
Според министерката за правда 2019 година ќе биде година на реформи во правдата
Клучните измени на Законот за судовите
Новиот Закон за управни спорови со европско знаменце предложен во Собранието на РМ
Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција
Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата
Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата
Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение
Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура
ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата
Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста
Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата
Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти
Тркалезна маса за примената на процената на влијанието на регулативата врз Законот за судовите
Советот за реформи во правосудниот сектор дебатираше за Законот за кривичната постапка
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка
Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка
Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП
ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените
Објавен текстот на новиот Предлог-закон за кривичната постапка
Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка
Измените на Законот за судовите ќе бидат доставени до Венецијанската комисија
Законски измени за спречување на злоупотребата на АКМИС
Објавен и текстот на предложените измени на Законот за Судскиот совет
М.В