Правила за однесување во Основниот суд Штип при услови на пандемија
„Основен суд Штип ја известува и ја запознава јавноста со донесената Одлука за постапување во Основниот суд Штип при услови на пандемија предизвикана од вирусот ковид-19 со правила за однесување во судската зграда, со која се уредуваат правата и должностите, како и правилата за однесување на сите вработени, странки и посетители на судската зграда, а сѐ со цел заштита на јавното здравје и здравјето на сите граѓани, која може да ја погледнете на следниот линк.
Апелираме за доследно почитување на овие мерки, кои се во функција на превенција и спречување на ширење на заразата предизвикана од вирусот ковид-19, како и на непречено функционирање на судот“, информираат од Судот во Штип.
М.В