Совет на јавни обвинители: Донесена одлука за избор на јавни обвинители
„На одржaната 42-рa (четириест и втора) седница, Советот на јавните обвинители на РСМ, донесе Одлука за избор на јавни обвинители во следните јавни обвинителства:
- За јавни обвинители во Јавното обвинителство на РСМ се избрани: Соња Симовска, јавен обвинител во ВЈО Скопје и Љупчо Коцевски јавен обвинител во ВЈО Гостивар,
- За јавен обвинител во ВЈО Штип е избран Стевчо Донев, јавен обвинител во ОЈО Кочани,
- За основен јавен обвинител на ОЈО Тетово е избран Бесир Алиу, јавен обвинител во ОЈО Тетово,
- За јавен обвинител на ОЈО Скопје е избран Гаврил Бубевски, јавен обвинител во ОЈО Скопје“, се наведува во соопштението на Советот на јавни обвинители.
М.В