Пред Судската плата засадено дрво на човековите права
Денеска пред Судската палата беше засадено дрво на човековите права. По тој повод градоначалникот Шилегов, заедно со заменик-министерот за надворешни работи на СР Германија, Михаел Рот, претседателката на Градскиот совет на партијата СПД во Нирнберг, Ања Прелс-Камерер и амбасадорот на СР Германија, Томас Герберих, како и претставници од збратимениот град Нирнберг, денеска одржа прес-конференција пред Судската палата.
„Засадувањето на дрвото на човековите права е симбол на почитување на законитоста, правдата и правичноста. Дрвото е од видот гинко, симбол на правата на човекот. Покрај дрвото ќе биде поставена изгравирана плоча која ќе потсетува на правото на праведно и јавно судење на секој граѓанин пред независен и непристрасен суд, изразено во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации“, истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
Тој додаде дека плочата, која е донација од збратимениот град Нирнберг, ќе упатува порака дека во судот правдата се дели непристрасно и дека еднаквоста на граѓаните пред законот е гарантирана.
M.В