Предлог за оглас за именување на јавен обвинител на Република Македонија
Владата на Република Македонија го поднесе предлогoт за огласување за именување на јавен обвинител на Република Македонија во Собранието на Република Македонија, кое за предлогот ќе расправа на седницата закажана за 4 септември.
Повикувајќи се на Законот за Јавното обвинителство, во образложението на предлогот Владата на Собранието му предлага да го огласи именувањето на нов јавен обвинител, имајќи го предвид разрешувањето на Марко Зврлески од 17 август.
Во Законот за Јавното обвинителство се пропишува дека јавниот обвинител на Република Македонија, по предлог на Владата на Република Македонија, го именува Собранието на Република Македонија за време од шест години со право на повторно именување.
Според законската постапка, доколку на јавниот обвинител на Република Македонија му престане функцијата или е разрешен од неа, Советот на јавните обвинители на Република Македонија од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија определува јавен обвинител што ќе ја врши функцијата до именувањето на јавен обвинител на Република Македонија.
Советот на јавните обвинители ја одложи вчерашната седница на која требаше да се избере заменикот на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, кој би ја извршувал оваа функција сè до изборот на нов јавен обвинител во Собранието. Седницата беше прекината поради немање кворум и се одложи за 29 август.
Советот на јавните обвинители ја одложи седницата за определување на в.д. јавен обвинител
Започнува процедурата за именување на нов јавен обвинител на Република Македонија
Постапка за именување на јавниот обвинител на Република Македонија
Собранието го разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски
Законските одредби за разрешување на јавниот обвинител на РМ по предлог на Владата на РМ
Владата одлучи да иницира постапка за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски
М.В