/ Прочитано:

1.773

Предлог-законот за личната карта за усогласување со Законот за употреба на јазиците

Владата во Собранието поднесе измени на Законот за лична карта. Личните карти кои го содржат натписот „Република Македонија“, издадени до денот на отпочнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во личната карта, најдоцна до 12 февруари 2024 година, се вели во законското образложение, во кое се посочува дека Законот за лична карта ќе се усогласува со Законот за употреба на јазиците.

„Со донесувањето на Законот за употреба на јазиците генерално се наметнува потребата од ревидирање на конкретни одредби од Законот за личната карта, во насока на нивно усогласување со одредбите од Законот за употреба на јазиците.

Во овој контекст, укажуваме дека со предлагањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта се цели кон проширување на можностите кои би ги имале припадници на заедниците во процесот на издавање на личната карта, а во насока на јазикот на кој ќе им се печати образецот на личната карта, како и на јазикот на податоците кои ќе се впишуваат во неа“, се вели во законското образложение.

Во законските измени се предлага следното:

„На граѓаните кои зборуваат на јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, по службена должност образецот на личната карта се печати и податоците во него се запишуваат и на јазикот и писмото што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо.

На граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, образецот на личната карта се печати и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.“

„На граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, на нивно лично барање, податоците за личното име што се внесуваат на личната карта се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.“

М.В