/ Прочитано:

2.337

Предложен Закон за Агенција за проверка на носители и кандидатите за носители на јавна функција

Група пратеници во Собранието поднесоа Предлог- закон за Агенција за проверка на носители и кандидатите за носители на јавна функција, по скратена постапка. Основната причина за донесување на овој закон е граѓаните, органот или институцијата која го предлага, го избира или го именува носителот на јавна функција да го провери интегритетот и достојноста на носителот на јавната функција сѐ со цел да се  намали можноста за корупција, криминал, злоупотреба на службената должност и нарушување на угледот на институцијата што ја претставува.

„Проверка на носители на јавна функција претставува собирање, анализирање и објавување на информации и податоци за секој носител на јавна функција, од страна на Агенцијата за вршење на проверка на носители и кандидатите за носители на јавна функција. Податоците кои се собираат, анализиараат и обајвуваат се обезбедуваат од надлежните органи и инситуции предвидени во овој закон.

Овој закон има поширок обсег во својот предмет на уредување и ги опфаќа не само носителите на јавни функции туки и канидатите за носители на јавни функции. На овој начин граѓаните, јавноста или органот што избир или именува ќе бидат запознаени со целокупниот беграунд на лицето што е или ќе биде носител на јавна функција.

Се со цел целосно и доследно спроведувањена овој закон како и имплементација на истиот се предвидува основање на Агенција за проверка на носители и кандидатите за носители на јавна функција која како самостоен државен орган со својство на право лице ќе има надлежност да собира, анализира и објавува информации и податоци согласно со овој  закон, да издава извод со податоци за носителите и кандидатите за носители на јавна функција до органот или институцијата која предлага, избира или именува носителот на јавна функција, да изготвува каталог со податоци за сите кандидати и носители на јавна функција за кои е поднесено барање и е извршена проверка, и да го објавува на својата веб-страница.

Согласно предвидените законски одредби раководните лица во институциите, органите и политичките партии кои предлагаат и вршат избори и именувања или од нив овластени лица се должни пред да предложат или пред да  го спроведат изборот или именувањето на носителот на јавна функција до Агенцијата да поднесат барање за проверка на сите пријавени кандидати и лица кои треба да бидат избрани, именувани или предложени“, се вели законското образложение.

М.В