/ Прочитано:

1.662

Предности и недостатоци од спојувањето на меѓународни адвокатски канцеларии

Спојувањето на адвокатските компании е значајно од финансиски, структурен и културен аспект, но не се сите такви спојувања еднакви за секоја компанија, некои од нив добиваат, а некои губат.

Спојување на адвокатски канцеларии

Одлуката за спојување со меѓународна адвокатска фирма не е лесен чекор, но многу адвокатски фирми од Австралија се одлучиле токму за ова.

Во изминатите 5 години, правниот пазар во Австралија бил исполнет со фирми што се проценувале меѓу себе со цел дека ќе воспостават идна соработка. Бранот на спојувања со меѓународен карактер ги зафатил и адвокатските канцеларии кои морале да претрпат реорганизација во своето работење, некои да останат посветени на работа на едно поле, други да го намалат својот обем на работа, а трети да го зголемат.

Како што се зголемувал интензитетот на спојувања од 2010 година наваму, адвокатските фирми морале да донесат одлуки за тоа дали ќе дозволат фирмата што се спојува со нив да го преземе управувањето со новата компанија, дали ќе работат само на австралискиот пазар или ќе се прошират и на другите континенти.

Се разбира во изминатиот период некои од тие адвокатски канцеларии успеале во своите планови, додека останатите не успеале да ги остварат своите цели, а како причина за нивниот неуспех е немањето соодветна стратегија за работа.

Во изјава за порталот „www.lawyersweekly.com.au”, Брус Купер претставникот на една од најдобрите адвокатски канцеларии од Австралија, „Клејтон утз” вели дека со оглед на тековите на пазарот, која било компанија од Австралија за која спојувањето било далеку од замисленото, сега го мисли спротивното.

Во случајот со нивната компанија, која не направила спојување со друга компанија, сѐ уште мислат дека го направиле вистинскиот потег бидејќи направиле добра и внимателна стратегија пред сѐ ориентирана на задржување на клиентите.

За разлика од нив, адвокатската канцеларија „Гаденс” направила спојување со глобалниот прекуокеански гигант „Дентонс”, кој во 2014 година имал приходи од 1,3 милијарди долари. Нивната логика за глобалното спојување е дека мултинационалните клиенти претпочитаат компании што ќе работат беспрекорно во однос на нивните барања.

Адвокатска канцеларија „Детонс“

Како предност на спојувањето, исто така, се потенцира и зголемувањето на профитот поради работењето со поголем број клиенти, како примерот со адвокатската фирма „Херберт Смит Фрихилс” која се споила во 2012 година.

Предноста на австралиските компании е нивната блискост со азискиот пазар и нивната географска близина што ги прави главни глобални играчи во тој дел од светот.

Спојувањето на адвокатските компании е значајно од финансиски, структурен и културен аспект, но не се сите такви спојувања еднакви за секоја компанија, некои од нив добиваат, а некои губат.