/ Прочитано:

1.010

Препорачани нови мерки за спречување на понатамошно ширење на ковид-19 вирусот

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција потенцираше дека согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, на состанокот на Комисијата за заразни болести донесена е одлука за препорака на нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на КОВИД-19 вирусот.

„Се забранува групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи. Во едно живеалиште (стан или куќа) сопствениците дозволено е да примат најмногу четири лица. Односно, на семеен настан може да бидат сите кои се со живеалиште на таа адреса плус најмногу четворица други. Анализите покажуваат дека сериозен процент на ново заразени се токму заразени на ваков тип на настани и ова мора да го превенираме. Со оваа нова мерки дополнително ќе се избегне забавите од кафулиња и барови да се префрлат во домашни услови. Се забранува групирање на јавен простор после 22:00 часот на повеќе од 4 лица. Од истите причини, забрануваме групирање по паркови, бензински пумпи или било каде на отворено на поголема група граѓани“, истакна министерот Филипче.