/ Прочитано:

2.641

Законот за парничната постапка пред Законодавно-правната комисија

Законот за парничната постапка е пред Законодавно – правната комисија.

Со овој закон се уредуваат правилата на парничната постапка врз основа на кои судот расправа и одлучува во парниците за решавање на спорови од личните,  семејните, работните, трговските, имотните и другите граѓанско – правни односи, ако со закон за некои од тие спорови не е определено судот да одлучува според правилата на некоја друга постапка.

„Со Законот за парничната постапка од 2005 година како дел од Стратегијата за реформа на правосудниот систем од 2004 година, беше извршено јасно позиционирање на судот од една страна, и на странките во постапката од друга страна.

Подготвителното рочиште стана задолжителен елемент на постапката, така што успехот во спорот, во голем дел зависеше од сериозноста на странките во аргументирањето на своите барања. Во функција на натамошното јакнење на начелото на материјална вистина во парничната постапка, вештачењето и увидот добиваја истоветен третман, со сите други докази,кои ги предлагаат странките.

Исто така, беше напуштен  системот за диктирање на записници од рочиштата, беше воведена електронска достава преку електронско сандаче и се осовремени работата на судските органи, а следејќи ги компаративните искуства и современите европски стандарди за обезбедување на заштита и остварување на правата на странките во постапката, и забрзувањена постапката,а во законот се воведе и примената на медијацијата.

Законот делумно беше изменет во 2011 година и 2015 година, во делот на задолжителното вештачење, електронската достава, обезбедувањето на документи и докази од другата страна или третите лица, роковите и рочиштата, што генерираше неусогласеност со други поврзани закони.

Практичната примена на новите одредби, особено оние кои се однесуваат на вкрстеното испрашување, задолжителното вештачење со поднесување на самата тужба, екстремно сложениот систем на електронска достава, и слично, укажаа на низа бројни проблеми во примената на законот од страна на судовите, но и на учесниците во постапката (странки, адвокати и слично) поради што се наметна потребата од понатамошна надградба на законските решенија, во насока на воспоставување на посоодветни законски механизми, со кои ќе се обезбеди побрзо и поефикасно постапување на судовите во споровите за заштита на основните права и обврски на човекот и граѓанинот во личните, семејните, работните, трговските, имотните и другите граѓанскоправни односи, а со што ќе се обезбедат правни претпоставки за почитување на начелото на судење во разумен рок и поголема правна сигурност.

Новиот Закон за парничната постапка како дел од Стратегијата за реформа на правосудниот систем 2017-2022 година е резултат на воспоставување стабилен граѓанско-правен систем преку пополнување на постоечките правни празнини во Законот за парничната постапка од 2005 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 и 124/2015) кој но не ги даде очекуваните резултати во насока на забрзување на парничните постапки и е резултат на негово усогласување со европските стандарди и современите општествени текови.

Предлог Законот е резултат на работата на интердисциплинарната работна група составена од преставници на науката, судството од сите инстанци, стопанството,  невладиниот сектор, претставници на Адвокатската, Нотарската и Комората на извршители, како и на релеватните државни органи, но и на обемната јавна дебата која се одвиваше на темелот на Нацрт законот, објавен на ЕНЕР во септември 2020 година. Пристигнаа неколку стотини коментари преку ЕНЕР-от, мејлови и дописи до Министерството за правда, при што работната група му посвети детално внимание на секој поединечен коментар, и изготви материјал со нејзин став на секој поединечен коментар, во поглед на тоа дали истиот се прифаќа или одбива и зошто. Материјалот е јавно објавен на веб страната на Министерството за правда, со цел истиот да биде достапен на јавноста, и да се сфати целта на предложеното законско решение.

За предлог законот беше одржана и широка јавна расправа на 9 март 2021, беа поканети членовите на работната група која го подготвуваше Предлог Законот, сите парламентари политички партии, професионалните комори, Судскиот совет, судовите од сите инстанци во Републиката, невладиниот сектор, претставници на РГ за дигитализација во правосудството и останати. Кон поканата  беше доставен и текстот на Предлог Законот за парничната постапка, со цел истиот да биде анализиран од страна на учесниците и соодветно коментиран.  Со одредени ситни укажувања од страна на учесниците, донесувањето на Законот беше подравено. По јавната расправа Работната група на 16.03.2021 ја одржа својата последна средба на кој беа анализирани предлозите истакнати на јавната расправа.

Предлог законот е токму резултат на таа опсежна јавна расправа, прифатени се бројни коментари и забелешки од дебатата, а со усвојувањето на законското решение се очекува да се надминат констатираните слабости и да се подобрат законските одредби во насока на нивна поголема оперативност, и создавање на функционална и ефикасна парнична постапка во Република Северна Македонија во склад со современите текови постигнувајќи усогласеност со другите поврзани закони“, се вели во законското образложение.

Законот за парничната постапка во собраниска процедура со европско знаменце

Објавени коментарите и предлозите за Законот за парничната постапка со осврт на работната група за секој од нив

Адвокатската комора достави предлози и забелешки на Предлог-законот за парнична постапка

Адвокатите да достават коментари на Предлог-законот за парничната постапка

Во подготовка нов Закон за парничната постапка – објавен текстот на Нацрт-законот

М.В