Пресуда за сообраќајната несреќа кај Градскиот парк во која животот го загуби 13-годишно дете
„Ја информираме јавноста дека денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше објавена пресудата за предметот со К. бр. 1249/16 за сообраќајната несреќа која на 18 септември 2015 година се случи на булеварот Илинденска кај Градскиот парк, во која животот го загуби 13-годишен велосипедист.
Со пресудата обвинетата М. Л. се огласува за виновна за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 ст. 4 од КЗ и е осудена на казна затвор во траење од 3 години.
Во текот на постапката беа изведени 6 вештачења, а судот, како што беше наведено и при објавата на пресудата, смета дека оваа пресуда треба да одекне во јавноста како предупредување за зголемено внимание и почитување на законите, како и правилата и прописите за безбедност во сообраќајот кај сите учесници.
Против оваа пресуда странките имаат право на жалба до Апелациониот суд – Скопје“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.
М.В