/ Прочитано:

1.200

Претседателот на Меѓународната федерација за човековите права во посета на Хелсиншкиот комитет за човековите права

Вчера во посета на Република Македонија беше Димитрис Христопулос, актуелен претседател на Меѓународниот борд на Меѓународната федерација за човековите права (FIDH) со седиште во Париз, која обединува вкупно 184 организации од 112 земји.

Во тие рамки, во просториите на Хелсиншкиот комитет за човековите права, Христопулос оствари средба со претставниците на повеќе невладини организации од земјава заради запознавање и разгледување на можностите за нивна идна заедничка соработка со Меѓународната федерација за човековите права (FIDH).

Со долга традиција, почнувајќи уште од 1922 година, FIDH е најстарата организација за човековите права која континуирано ги следи состојбите со човековите права ширум светот и ги повикува државите да усвојуваат политики кои се на линија на почитување на човековите права, но истовремено е активно вклучена во гонење на сторителите на повреди на човековите права, како и во поддршка на жртвите во соодветните правни постапки.

М.В