/Прочитано:

1.726

Претседателот на Владата за реформите во правосудството: Стручните луѓе на свои плеќи да ги носат реформите

Политичарите треба да стојат подалеку од судството, а стручни луѓе да ги спроведат реформите во правосудството, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

„Верувам дека стручни луѓе ќе ги носат реформите на свои плеќи. Ние политичарите треба да бидеме малку подалеку од тоа, освен да го држиме кормилото за конечната цел да биде независно правосудство. Верувам и дека се консултираат меѓународните организации, дека сениорската група предводена од Прибе ќе има значајно влијание во овој процес, пред сè, преку пренесување на искуствата, но на крајот, институциите се тие што ќе носат одлуки“, потенцира Заев и ги повика медиумите будно да ги следат реформите во правосудството за политичарите, како што напомена, воопшто да не си дозволат мешање во постапките што ќе доведат до независно судство.

M.В