При утврдувањето на износот на адвокатските трошоци, органот треба да се раководи од адвокатската тарифа
Вишиот управен суд објави нови сентенци од имотноправната област, за правата од работен однос и за даночните права. Една од сентенциите се однесува на јавните набавки, а во врска со адвокатските трошоци.
„Според овој суд, органот при утврдувањето на износот на адвокатските трошоци кои треба да се надоместат, треба да се раководи од Барањето за надоместок на трошоците на постапката, кое треба да биде во потполност одредено, специфицирано и доставено пред донесување на решението како и од Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа на Адвокатите, каде е точно утврдена висината на трошоците за состав на писмен поднесок“, посочуваат од Вишиот управен суд. Конкретниот предмет и образложението на сентенцијата може да се преземат на следниот линк.
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
М.В