Прифатен предлогот на Комисијата настава со физичко присуство да добијат 169 училишта
„Владата на Република Северна Македонија на својата 5-та седница, одржана на 22 септември, го усвои и Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачи на училиштата за организирање на настава со физичко присуство, за период од 2.09.2020 година до 14.09.2020 година.
Владата го прифати предлогот на Комисијата согласност за настава со физичко присуство да добијат 169 училишта од кои: 6 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште со одобрение за експериментална настава во основно образование, 15 централни општински основни училишта, 147 подрачни основни училишта.
Извештајот констатира дека не ги исполниле условите 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта.
Според извештајот, за организирање настава со физичко присуство во средните училишта биле доставени вкупно 66 барања, од кои Комисијата предлага согласност да добијат 4 училишта од кои: 2 државни училишта за деца со посебни образовни потреби, 1 приватно средно училиште, 1 општинско средно училиште. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10 училишта (5 уметнички, 4 општински училишта и 1 државно училиште – Спортска академија).
На 5-тата седница Владата ги усвои предлозите на Комисијата, која, по разгледување на комплетните барања доставени од страна на општините, одобри изведување настава со физичко присуство на училишта за деца со посебни образовни потреби: ПОУ „Д-р Златан Сремец“ – Скопје; ПОУ „Иднина“ – Скопје; Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ – Битола; Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ – Кисела Вода – за основно образование; ПОУ „Маца Овчарова“, Велес; и Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско, Струмица.
Поради актуелната епидемиолошка состојба и постоењето на ризик кај оваа ранлива категорија на деца, наставата треба да се реализира со мал број на деца во различни смени со целосно почитување на епидемиолошките мерки во протоколите дадени од нивна страна и протоколот за настава со физичко присуство, а училиштата кои имаат интернатско сместување да ги опфатат само своите ученици со максимално сместување до 2 деца во соба.
Од барањата на приватните основни училишта, одобрение доби француското интернационално училиште „Ефис“ од Скопје.
Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби и Подрачното основно училиште (ПУ) Мородвис во Општина Зрновци.
Во Општина Берово согласност добија ПУ с. Будинарци, ПУ с. Митрашинци; ПУ с. Ратево; ПУ с. Смојмирово; и ПУ с. Владимирово за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.
Во Општина Валандово согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во различни смени со учениците од прво до трето одделение добија ПУ с. Чалакли; ПУ с. Казан Дол; и ПУ. с. Брајковци, а ПУ во Дедели, Башибос и Грчиште добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.
На подрачните училишта во с. Калково, с. Марвинци, и на с. Удово им се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во различни смени во групи по возраст (учениците од прв период во една смена, учениците од втор период во втора смена).
Општина Василево доби согласност за ПУ с. Доброшинци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во две смени; за ПУ с. Чанаклија и за ПУ с. Сушево, ПУ с. Владевци за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, и за реализација на настава во две смени со учениците од прво до петто одделение; ПУ с. Едрениково и во с. Седларци, и ПУ с. Радичево за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, додека за ПУ с. Дукатино е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение со укажување наставата да се реализира во две смени со учениците од прво до петто одделение.
Во Општина Петровец согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение добија ПУ с. Горно Коњари, ПУ с. Сушица, и ПУ с. Чифлик.
Општина Пехчево доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение за ПУ с.Црник, ПУ с.Панчарево, ПУ с.Умлена, и за ПУ с.Робово.
Во Општина Новаци организирана настава со физичко присуство ќе има во ООУ „Славко Лумбарковски“ за учениците од четврто и петто одделение, и во ПУ с.Бач за учениците од шесто до деветто одделение; во ПУ с.Живојно, ПУ с.Далбеговци, ПУ с.Агларци, ПУ с.Добромири, ПУ с.Рибарци, и ПУ с.Гермијан, исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.
Во Општина Могила ПУ с. Д.Чарлија доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение; ПУ с.Радобор – се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на ученикот од четврто одделение.
На ООУ „Браќа Миладиновци“ од с. Добрушево му е одобрена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и на ПУ с.Дедебалци, ПУ с.Мусинци, ПУ с.Ношпал ПУ с.Трап, и на ПУ с.Будаково.
Согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, добија и ООУ „Кочо Рацин“ во с. Ивањевци, како и ПУ с.Долно Српци, ПУ с.Волино и ПУ с.Трновци.
Општина Дебрца доби согласност за ООУ „Дебрца“ за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени, исто како и за ПУ с.Оровник и ПУ с.Требеништа, за ПУ с.Мешеишта, за ПУ с.Ботун.
ПУ с.Велмеј, ПУ с.Злести и ПУ с.Издеглавје во оваа општина добија согласност за организирање настава со физичко присуство на ученикот од петто одделение заради комбинирана паралелка, а ПУ с.Горенци и ПУ с.Лешани добија согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.
Во Општина Лозово согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби ООУ „Методи Митевски – Брицо“, како и ПУ с.Дорфулија, ПУ с.Каратманово, ПУ с.Сарамзалино, и ПУ с.Милино исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.
Општина Зелениково доби согласност за ПУ с.Страхојадица, за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение, и за ПУ с.Орешани за настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.
Во Општина Карбинци согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение доби ООУ „Страшо Пинџур“, и ПУ с.Таринци, ПУ с.Балван, ПУ с.Прналија, ПУ с.Калаузлија, ПУ с.Радање, ПУ с.Кучица, исто така за учениците од четврто и петто одделение, а ПУ с.Оџалија за ученикот од четврто одделение, ПУ с.Крупиште за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во две смени, и ПУ с.Караорман за учениците од четврто и петто одделение во две смени.
Во Општина Конче согласност добија ПУ с.Габревци, ПУ с.Ракитец, ПУ с.Долни Липовиќ, ПУ с.Горни Липовиќ, и ПУ с.Дедино за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.
Општина Богданци доби согласност за ПУ с.Ѓавото и ПУ с.Селемли за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.
Во Општина Македонска Каменица ПУ с.Саса има согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во две смени, а ПУ с.Моштица и ПУ с. Цера 1 за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.
Во Општина Долнени ООУ „Пецо Даскалот“ од с. Долнени доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и ПУ с.Сенокос, с.Браилово, ПУ с.Бело Поле, ПУ с.Костинци, ПУ с.Дупјачани, ПУ с.Дреновци, ПУ с.Небрегово, ПУ с.Кошино, ПУ с.Гостиражни и ПУ с.Заполжани, а во ПУ с.Вранче ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.
Во ООУ „Али Фетхи Окјар“ во с. Дебреште ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од комбинираната паралелка (на албански наставен јазик) од четврто и петто одделение.
Во Општина Старо Нагоричане, во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ – с. Драгоманце ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, а во ПУ с.Челопек и во ПУ с.Пелинце се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на двата ученика од четврто одделение, додека во ПУ с.Арбанашко ќе се организира настава со физичко присуство на ученикот од петто одделение.
Во оваа општина, во ООУ „Христијан Карпош“ – с. Младо Нагоричане – се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение, исто како и во ПУ с.Облавце.
Во ПУ с.Ѓорговци настава со физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение, а во ООУ „Светозар Марковиќ“, во ПУ с.Алгуња, и во ПУ с.Никуљане за учениците од четврто и петто одделение.
Во Општина Сопиште настава ќе се организира во ООУ „Драга Стојановска“ во с. Ракотинци за учениците од четврто и петто одделение, исто како и во ПУ с.Добри Дол, и ПУ с.Долно Соње, и ПУ с.Држилово, додека во ПУ с.Патишка река се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение.
Општина Илинден доби согласност за ПУ с.Мралино, ПУ с.Бунарџик, и за ПУ с. Текија за физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, а за ПУ с.Мршевци има согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение во две смени.
Во Општина Кривогаштани ООУ „Манчу Матак“ во с.Кривогаштани доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, исто како и ПУ с.Крушеани, ПУ с.Славеј, ПУ с.Врбјани, ПУ с.Бела Црква, и ПУ с.Боротино.
ПУ с.Подвис во оваа општина доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение, а ПУ с.Годивје за учениците од четврто одделение.
Во Општина Гевгелија ООУ „Климент Охридски“ во с. Миравци ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и ПУ с.Давидово, ПУ с.Богородица, ПУ с.Мрзенци и во ПУ с.Прдејци, додека во ПУ с.Милетково, во ПУ с.Моин и во ПУ с.Смоквица настава со физичко присуство ќе има за учениците од четврто одделение.
Во ПУ с.Кованец во оваа општина се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение.
Општина Битола доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од петто одделение во ПУ с.Братиндол, и ПУ с.Брусник, а за ПУ с.Дихово се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение, додека во ПУ с.Трново настава со физичко присуство ќе има за учениците од прво до петто одделение (комбинирана паралелка од прво до петто одд).
И ООУ „Ѓорѓи Сугарев“, Битола, доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во посебната паралелка од четврто до деветто одделение. Во ПУ с.Крклино ќе се организира настава со физичко присуство на учениците во комбинираните паралелки од прво до петто, а во ПУ с.Лопатица за учениците во комбинираните паралелки од второ до петто.
Во ПУ с.Црнобуки и во ПУ с.Лисолај во општина Битола ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, во ПУ с.Габалавци за учениците од петто одделение, а во ПУ с.Драгожани за четврто одделение.
Во општина Битола, ОУ „Крсте Петков Мисирков“, во с. Бистрица ќе организира настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение, како и во ПУ с.Барешани, ПУ с.Велушина, ПУ с.Егри, ПУ с.Доленци , ПУ с.Граешница, ПУ с.Меџитлија, ПУ с.Кременица, ПУ с.Лажец, ПУ с.Кравари, ПУ с.Канино, ПУ с.Оптичари, ПУ с.Породин, додека во ПУ с.Кишава, ПУ с.Острец и ПУ с.Олевени ќе се организира настава со физичко присуство на учениците од четврто одделение.
За ПУ с.Цапари се дава согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто до деветто одделение во смени.
За Јавната установа за деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение (објект Радишани и Визбегово), се дава согласност за организирање настава со физичко присуство за штитеници во установата.
Во делот на средното образование согласност за организирање настава со физичко присуство добија средните училишта за ученици со посебни образовни потреби Државен училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ Гази Баба – Скопје;, и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Кисела Вода – Скопје.
Согласност за организирање настава за стручните предмети, за соодветните видови на подрачја со физичко присуство, добија и средните уметнички училишта Државно музичко училиште Битола; Државен музичко балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“ Центар – Скопје; Државно музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“– Тетово, Државен музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ – Штип и Државно средно училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“ Центар – Скопје.
На овие средни училишта не им е дадена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во наведените училишта за наставата по општообразовните предмети, теоретските предмети, солфеж, хор, оркестар и хорско пеење.
На Спортска академија Центар и е дадена согласност за реализација на стручните предмети (избран спорт: ракомет, фудбал, кошарка и тенис) согласно одобрените протоколи на соодветната федерација.
Во однос на приватните средни училишта согласност за организирање физичка настава доби Приватното средно училиште QSI INTERNATIONAL SCHOOL of Skopje – Скопје за учениците од прва до четврта година.
Во Општина Битола согласност доби СОУ „ СОЗУ „Кузман Шапкарев“ за организирање настава во две смени со физичко присуство на учениците од прва до четврта година.
Согласно препораките на Комисијата практичната настава во стручното образование учениците ќе ја реализираат со физичко присуство согласно одобрениот план и протоколите за средно образование, практична настава, феријална практика и учење преку работа“, соопшруваат од Владата.