Приоритетите за реформи во правосудството усогласени со Националната програма за усвојување на правото на ЕУ
Владата на РМ информира дека ја усвоила Програмата за работа на Владата на Република Македонија во 2018 година со вградените предлози и рокови содржани во мислењето на Секретаријатот за европски прашања во однос на усогласувањето со Националната програма за усвојување на правото на ЕУ и Планот 3-6-9, како и мислењата, предлозите и иницијативите на сите надлежни министерства и други органи на државната управа.
Програмата за работа на Владата на РМ за 2018 година е во функција на остварување на стратешките приоритетни цели за 2018 на Владата на Република Македонија содржани во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2017 – 2020 година и ги вклучува приоритетите за развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните; процесите за членство во НАТО и Европската Унија; активностите и мерките за одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата; владеење на правото и изградба на независни институции; реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатичка технологија; реформи во правосудството, како и целосно спроведување на начелата на Oхридскиот рамковен договор, градење граѓанска држава и етничка кохезија врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување.
М.В