„Адвокатската комора формира Центар за едукација и се грижи за стручно оспособување на адвокатите“
Адвокатите во Република Северна Македонија се организираат во Адвокатска комора. Адвокатската комора има својство на правно лице, се пропишува во Предлог-законот за адвокатурата. Адвокатската комора во својата работа е самостојна и независна.
Адвокатската комора:
1) решава за стекнување и престанок на правото на вршење адвокатска дејност и упис и бришење во Именикот на адвокатите, Именикот на странските адвокати, Именикот на адвокатските стручни соработници и Именикот на адвокатските приправници;
2) врши упис и бришење во Именикот на адвокатските друштва и Именикот на странски адвокатски друштва;
3) решава за одговорноста за повреда на адвокатската должност и угледот на адвокатурата;
4) решава за привремена забрана на вршење адвокатска дејност;
5) донесува Тарифа за награда и надоместок на трошоците на адвокатите;
6) донесува акти на Комората;
7) донесува Кодекс на адвокатската етика;
8) се грижи за стручно оспособување и усовршување на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници и
9) формира Центар за едукација на Адвокатската комора и донесува акти со кои се уредува неговото работење;
10) врши почетна обука на кандидатите за упис во Именикот на адвокати и врши континуирана едукација на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатските приправници преку Центарот за едукација на Адвокатската комора;
11) дава мислење за реципроцитет на барање на надлежен државен орган;
12) изготвува листи за ангажирање на адвокати во согласност со позитивните законски прописи, на барања од надлежните судови, државни органи, единици на локална самоуправа и други институции и установи;
(13) Адвокатската комора соработува со адвокатски комори на други држави и други адвокатски меѓународни организации.
Адвокатските предмети се неприкосновени
Адвокатот не може да биде повикан на одговорност за искажано мислење при давањето правна помош
Постојаното стручно усовршување – обврска за адвокатите
Условот за запишување на судии, обвинители, функционери, извршители и нотари во Именикот на адвокати
Објавен текстот на Предлог-законот за адвокатурата
Измени на Законот за адвокатурата за јакнење на адвокатската професија
Законски измени на Законот за адвокатурата за воведување континуирана обука за адвокатите
М.В