/ Прочитано:

2.254

Прирачник за заштита од измами и компјутерски криминал во книжарницата на Академик

Прирачникот за заштита од измами и компјутерски криминал на авторот, м-р. Роберт Атанасов, е прв од ваков вид во македонската стручна литература. Опишувајќи многубројни кривично-правни настани кои навистина се случиле во периодот по 2010 година, авторот во овој труд всушност ги опишува речеси најголемите измами извршени помеѓу физички лица или правни лица и го прикажува најчестиот облик на измами (modus operandi) преку кој се оштетени граѓаните во Република Северна Македонија во последните десет години.

Според авторот, идејата за создавање на овој труд била, преку елаборирање на начинот на извршување на измамите, односно преку раскажување на евидентираните кривично-правни настани што ги пријавиле оштетените граѓани, како и кривичните дела извршени од измамниците, читателот да го осознае начинот на извршување на измамите, начинот на дејствување и размислување на измамникот и со тоа тој да ја зголеми својата претпазливост и да се заштити себеси, својот имот и добра од злоупотреби и други штети.

Како што вели рецензентот на делото, проф. д-р Ангел Ристов, вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „големиот број случаи од реалноста и поуки изложени во Прирачникот се од исклучително значење за граѓаните, трговците и правните лица навреме да ги препознаат можните измами и превентивно да дејствуваат во заштитата на својот имот, углед и достоинство. Авторот заслужува особена пофалба за систематското излагање на бројните случаи на измами и компјутерски криминал, за вложениот труд и извлечените логички поуки за превенција и заштита на сопственоста и имотот.“

Цента на Прирачникот е 399,00 ден (380,00 ден без ДДВ )