/ Прочитано:

355

Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата

„Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.10.2021) се продолжува за 2 (два) работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.10.2021 година“, соопштуват од УЈП.